Ова нема да го гледаме за добра ноќ: Вини Пу и Прасе се негативци во нов хорор филм

popara30 мај, 20221min00
628ff681230000147a13cbf4-830x0

Омилените детски ликови Вини Пу и Прасе наскоро ќе доживеат драматична трансформација во хорор филмот „Winnie the Pooh: Blood and Honey“.

Во најновата верзија на приказната за легендарните ликови, Кристофер Робин ќе ги остави Пу и Праслин, што ќе ги наведе да станат „главните негативци кои дивеат“.

И покрај фактот дека филмот се уште е во продукција, одзивот на Интернет е веќе „апсолутно луд“, вели авторот и режисер Рајс Вотерфилд во интервју за Variety. Опишувајќи ја премисата на филмот, Вотерфилд рече:

– Кристофер Робин ги остави и не им даде храна; ова им го отежна животот на Пу и Прасе. Бидејќи морале сами да се снаоѓаат, во суштина станале диви, па се вратиле на животинските корени и инстинкти. Тие веќе не се питоми: тие се како зла мечка и свиња кои се обидуваат да најдат плен.

Двата оригинални ликови на А.А. Милн, како и другите од приказната повеќе не се заштитени со авторски права, но Вотерфилд е свесен дека Дизни исто така поседува ексклузивна употреба за толкување на нивните ликови.

– Се обидовме да бидеме крајно внимателни – објасни тој. – Знаевме дека има лимит и знаевме кои се нивните авторски права. Затоа, се обидовме да се осигураме дека филмот е базиран само на верзијата од 1926 година. Никој нема да помисли дека ова е Дизни. Кога ќе ја видите корицата, трејлерите и фотографиите, нема шанси некој да помисли дека ова е за деца.

„Вини Пу: Крв и мед“ беше снимен во текот на десет дена недалеку од шумата Ешдаун во Англија, локација која ги инспирираше оригиналните приказни на Милн.

– Поради вниманието на медиумите и се останато, ќе ја забрзаме монтажата и ќе поминеме низ постпродукцијата што е можно побрзо – додаде Вотефилд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma