Искористете ја сезоната на цреши: 4 здравствени причини да ги конзумирате секојдневно

popara30 мај, 20221min00
cherries-gc6ecf40831920-830x0

Летото се ближи, а на тезгите веќе може да се најдат првите цреши. Ова вкусно овошје е богато со витамини и минерали, а придонесува за здравје и убавина на многу начини.

Црешите се одличен извор на витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К, како и минерали: калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, манган и бакар.

Една шолја цреши содржи помалку од 100 калории и 15 отсто од дневната потреба за витамин Ц, пишува Health.

Еве четири причини зошто оваа сезона треба да ги вклучите црешите во исхраната.

1. Полни се со антиоксиданси

Црешите се моќен извор на антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија, кои го забавуваат стареењето и спречуваат хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, Алцхајмерова болест, дијабетес и дебелина.

2. Го поттикнуваат варењето

Вишните со помош на киселините и овошниот шеќер ја поттикнуваат работата на желудникот, цревата и панкреасот, а со тоа го поттикнуваат варењето.

Освен тоа, црешите ја исфрлаат водата од телото и на тој начин го олеснуваат срцето и крвотокот и ги активираат црниот дроб и бубрезите.

3. Го подигнуваат нивото на енергија

Најголем дел од калориите во ова овошје доаѓаат од природните шеќери во нив, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат нивото на енергија.

4. За поцврсти коски

Црешите се препорачуваат и за ублажување на симптомите и разни здравствени проблеми поврзани со остеопорозата, особено кај жените во менопауза, бидејќи содржат железо и калциум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma