Видеото го погледнале над милион луѓе
Многу девојки користат мицеларна вода за отстранување на шминката и нечистотиите од кожата, но веројатно ретко кој ќе ја проба на косата.
Аби Јунг се реши на овој чекор, а резултатите од трикот ги сподели на Тик Ток, во видео кое досега го погледнале над милион луѓе.
Пред миење, косата на Аби беше многу мрсна, што таа го покажа во видеото. Нанесе мицеларна вода откако ја намокри косата, но пред да се измие со шампон.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
Така, Аби истури мицеларна вода директно на косата и добро ја протри на горниот дел од главата, а нешто помалку на влакнате.
Без да ја измие мицеларната вода од косата, таа за прв пат нанесе шампон и темелно ја изми косата.
После тоа, уште еднаш ја изми косата со шампон. На крајот од видеото, Аби напиша како чувствува дека нејзината коса е неверојатно чиста, мека и лесна, а има забележлив здрав сјај.
Доколку мислите дека на овој начин се троши премногу мицеларна вода, тогаш не е лошо решение да купите специјален шампон кој содржи мицеларна вода, кој ефикасно се бори против нечистотијата на косата и непријатните мириси.