Сите сме слушнале дека една чаша топла вода со оцет и мед ги топи мастите, но дали некогаш сте се запрашале дали тоа е вистина?
Долго време се веруваше дека чаша топла вода со лажица јаболков оцет и мед, приближно половина час пред оброк, го забрзува метаболизмот, помага при слабеење и генерално благотворно делува на здравјето. Оцетот постои и во форма на капсули, а се продава како додаток во исхраната со цел да ги топи масните наслаги.
Дали ова навистина е точно?
„Доколку под „забрзување на метаболизмот“ всушност се мисли да се подобри варењето и да се забрза столицата, тоа го прави“, објаснува гастроентерологот д-р Алексеј Парамонов за руските медиуми. “Сепак, главната активна состојка во оваа смеса е чашата топла вода. Таа ќе го разбуди гастроинтестиналниот рефлекс без додавање оцет. За жал за многумина, овој ефект не е поврзан со контролата на тежината”.
На прашањето дали јаболковиот оцет е најздрав во споредба со другите видови, гастроентерологот вели дека ниту тоа не е целосно точно.
Дали оцетот е производ на ферментација на јаболка, грозје, праски или други плодови не е важно. Факт е дека се добива синтетички, со хемиски процеси, па може да содржи „нечистотии“. Квалитетниот синтетички оцет според неговите биолошки својства малку се разликува од јаболковиот или винскиот оцет. Така што најголемата разлика меѓу нив е вкусот“, вели докторот.
Постои општо мислење дека не треба да земате повеќе од две лажици оцет дневно.
“Ова е прилично голема доза кога станува збор за 6 или 9 отстотен оцет. За многу луѓе таквата количина може да предизвика зголемено лачење на киселина во желудникот, па затоа е подобро да не се претера со оцетот”, заклучил докторот.