Млад човек се преправил во жена со инвалидитет во Лувр и ја гаѓал Мона Лиза со торта!

popara31 мај, 20221min00
mona-liza-830x0

Инцидентот се случил во Лувр, кога млад активист фрлил торта на Мона Лиза, слика насликана од Леонардо да Винчи, јави телевизијата „БФМ“.

Според агенцијата ТАСС, сето тоа се случило вчера.

Младиот човек се преправил во жена со инвалидитет во инвалидска количка, а на сликата и пришол со помош на специјален премин (што е возможно за лица со инвалидски колички).

Успеал во намерата, а реагирало и обезбедувањето. Сликата е заштитена со армирано стакло.

– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Уметници, ви велам. Помислете на Земјата. Затоа го направив ова. Помислете на планетата – изјави активистот на видеото на Твитер.

Лувр не го коментираше инцидентот, а телевизискиот канал јавува дека вработените во музејот го измиле зајакнатото стакло и дека сликата не е оштетена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma