Ќе се покаете ако не ја слушавте баба ви и не го пиевте овој чај секој ден: Ефикасно делува кај алергии и ја избелува кожата!

popara31 мај, 20221min00
340058_cajodkamiliceshutterstock-392129548_ff

Според бројни научни студии, билните чаеви се препорачуваат за лекување на разни болести уште од раните цивилизации.

Секој чај има различни придобивки за организмот и делува различно, а чајот од камилица е секогаш првото нешто што ни паѓа на ум, иако не сме ни целосно свесни за сите придобивки што ги има.

Ако не сте знаеле, камилицата помага во процесот на варење и ќе спречи надуеност, како и отекување на желудникот и другите органи после силна и обилна храна. Ова не е единствената скриена предност на споменатиот чај. Влијае и на анксиозноста, а со зголемување на бројот на аминокиселините го опушта телото.

Ќе ви помогне и при алергии поради неговото антиалергиско дејство, болки и воспаленија, но го спречува и размножувањето на бактерии делувајќи бактериостатски, а токму поради оваа погодност камилицата е одлична за пародонтални проблеми.

Доколку ве мачат гасови, нагон за повраќање, но и несоница, подгответе волшебен напиток од камилица и ќе си ги ублажите тегобите. Ефикасна е и како природен избелувач на кожата, доволно е да натопите ткаенина со овој чај и нежно да ја измасирате кожата, а потоа вашата кожа ќе биде помека и помазна. Денес, кога многумина се свртуваат кон природната козметика и внимаваат на штетните состојки, камилицата е многу честа состојка во т.н. здрави шампони.

Познато е и дека аромата на овој чај може да биде добра терапија за астма, а самиот напиток важи за топла инфузија која го регенерира организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma