
Таа зборуваше за сериозниот здравствен проблем на денешницата
Џенифер Лопез често споделува настани од приватниот живот со своите следбеници, а овој пат познатата ѕвезда во интервју за документарниот филм „Halftime“ кој го следи животот на пејачката зборуваше за здравствени проблеми, односно напади на паника кои и го промениле животот.
– Имаше период во мојот живот кога спиев три до пет часа навечер. По цел ден бев на сет, а потоа одев во студио каде ја поминував цела ноќ, снимавме спотови за викенди или имав настапи. Сето тоа силно се одразило на нејзиното здравје, па добила паничен напад кој целосно ја парализирал.
Џенифер во едно интервју откри дека не знаела што и се случило и дека била преплашена.

-Седев и размислував што да правам тој ден, наеднаш почувствував дека не можам да се движам – рекла Џенифер и додала дека не знаела што се случило.
Момчето од нејзиното обезбедување веднаш ја однело на лекар, кого го прашала дали го изгубила умот или можеби полудела.
– Сега знам дека тоа беше класичен напад на паника, предизвикан од исцрпеност, но во тоа време никогаш не сум слушнала за тој термин – додала пејачката.
Докторот кој ја прегледал и и дал одличен медицински совет, дека иако не може целосно да го промени начинот на живот, ја советувал да спие помеѓу 7 и 9 часа дневно, да избегнува кофеин и да вежба.
Тогаш сфатила какви би можеле да бидат последиците ако ја игнорира потребата на телото и умот да бидат здрави: „така започна мојот пат кон здравјето“. Џенифер денес го следи советот на докторот, спие 7 часа, не пие кафе и алкохол, не пуши цигари и се храни здраво.