
Викторија Бекам е позната по тоа што е најдобрата реклама на својот моден бренд, а овој пат воодушеви со својата објава.
Неодамна го ожени синот Бруклин, а на гламурозната свадба носеше креација која привлече внимание.
Од неа навикнавме на иновативни комбинации, но и на етаблирани, проверени кои секогаш се хит. Таа редовно ги пробува своите креации на својот Инстаграм и најавува нови колекции.
Последното видео со описот „знаете дека го обожавам малиот црн фустан“ е дефинитивно она што ви треба во вашата гардероба, а што е доста лесно достапно, дури и да се сошие.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Имено, се работи за миди фустан без ракави кој се карактеризира со женственост и сексапил, а неговиот крој ги истакнува женските адути.

Овој фустан е интересен поради неговите асиметрични прерамки кои се движат околу вратот, но и поради кројот кој се шири на крајот на фустанот и со тоа ја издолжува женската фигура.