Веруваме дека сте слушнале дека експертите препорачуваат 150 минути умерена активност или 75 минути интензивна активност секоја недела за возрасните.
Пливањето е одличен начин за активирање на целото тело и кардиоваскуларниот систем. Еден час пливање согорува речиси исто калории како и трчањето, без никакво влијание врз коските и зглобовите, пишува Healthline.
Пливањето може да им користи на сите, без разлика на возраста и способностите. Оваа активност има позитивен ефект врз многу аспекти од животот, вклучувајќи ја физичката, менталната и емоционалната благосостојба. Не е ни чудо што лекарите, физиотерапевтите, психолозите, личните и спортските тренери препорачуваат пливање како еден од најдобрите начини да останете фит.
Во продолжение прочитајте зошто пливањето е добро за нашето целокупно здравје.
1. Позитивно влијае на целокупното здравје на организмот
Една од најголемите придобивки од пливањето е тоа што навистина влијае на целото тело, од глава до пети. Пливањето го зголемува бројот на отчукувања на срцето без стрес на телото, ги тонизира мускулите, го зајакнува телото и ја зголемува неговата издржливост.
Постојат различни пливачки техники, како градно, грбно, пеперутка и слободен стил. Секоја техника се фокусира на различни мускулни групи, а водата дава нежен отпор. Без разлика во каков стил пливате, користите повеќе мускули за да се движите низ водата.
2. Го ублажува стресот
Истражувачите испитувале група пливачи непосредно пред и по пливањето. Од 101 испитувано лице, 44 соби се изјасниле дека се слабо депресивни и под стрес поради брзото темпо на живот. По пливањето, бројот на луѓе кои пријавиле дека се уште се под стрес падна на осум.
Иако се потребни повеќе истражувања во оваа област, научниците заклучуваат дека пливањето е потенцијално моќен начин за брзо ублажување на симптомите на стрес.
3. Го подобрува расположението
Истражувачите испитувале мала група луѓе со деменција и откриле подобрување на расположението по 12 недели учество во програма за вежбање во вода. Пливањето и тренинзите во вода не се корисни само за луѓето со деменција. Се покажа дека го подобруваат расположението и кај другите луѓе.
4. Го подобрува сонот
Луѓето кои имаат силни тренинзи, кои може да вклучуваат пливање, почесто тврдат дека имаат добар сон. Тие имаат најмалите шанси да пријават проблеми со спиењето, како што се несоница или предвремено будење.
5. Согорува калории
Пливањето е ефикасен начин за согорување калории. Една студија покажа дека лице од 73 килограми согорува приближно 423 калории на час додека плива со умерено темпо. Ако сакате да ја поправите вашата телесна тежина, пливањето може да биде корисно.
6. Им помага на заболените од астма
Многу астматичари добиваат напади кога тренираат и вежбаат и токму затоа пливањето е најдобриот избор за нив. Техниката на дишење која се одвива при пливање ги зајакнува мускулите кои овозможуваат издишување, што е проблематично за пациентите. Препорачани стилови се: грано или crawl.