Самото нанесување на различни производи не гарантира резултати, туку правилната употреба на различни препарати
Кожата е најголемиот орган во нашето тело и е исклучително важно да ја одржуваме хидрирана и здрава. Доколку сакате да купувате различни производи за нејзина нега и да ги нанесувате по ваша дискреција, голема е веројатноста дека на вашата кожа нема да ѝ го обезбедите она што навистина ѝ треба.
За да го извлечете максимумот од секој препарат, треба да знаете кога е најдобро да го примените.
Крем за тело
Најдобро време за аплицирање е наутро или навечер
Кремите за тело содржат многу различни компоненти кои ѝ се потребни на вашата кожа. Кремите се погодни да обезбедат хидратација, сјај и да ги „хранат“ потребните материи на различни слоеви на кожата. Поинтензивна примена е попожелна во студените денови, особено во зима и есен. Ако имате кожа склона кон пукање и сушење, кремите за тело се најдобриот избор за вас.
Лосион за тело
Лосионот најдобро е да се нанесува во утринските часови
Лосионите имаат полесна текстура, така што се идеални за топлите денови што претстојат. Нив кожата брзо ги впива и не ги затнува порите, а на кожата и обезбедува хидратација. Повеќе се препорачуваат доколку имате мрсна или нормална кожа. Повеќето лосиони за тело содржат АХА киселини и овошни киселини.
Млеко за тело
Млекото најдобро е да се нанесува наутро
Овој препарат за тело е малку помрсен од лосионот. Повеќето млеко за тело содржи липиден комплекс, но и млеко како што се: кравјо, соја, козјо, кокос и слично. Повеќе се препорачува за оние кои имаат нормална или мрсна кожа.
Масло за тело
Најдобро време за нанесување е навечер
Овие производи главно се направени врз основа на есенцијални и базни масла. Токму овие масла ѝ обезбедуваат на кожата доволно хидратација, а воедно формираат заштитен слој. Друга предност е долготрајниот мирис кој останува на телото, кој го обезбедуваат есенцијалните масла кои се главната состојка на овој производ.
Пожелно е овој препарат да се користи не повеќе од 2 до 3 пати неделно во комбинација со лосион или млеко. Исто така, ако вашата кожа е мрсна, избегнувајте честа употреба
Што друго треба да знаете?
Почесто користете мрсни препарати во постудените периоди
Не треба да нанесувате повеќе производи за краток временски период
Препорачливо е препаратите да ги нанесувате во правец од екстремитетите нагоре со кружни движења – освен хидратација, на вашето тело ќе му ја обезбедите и потребната масажа.