Џејда Пинкет Смит во новата епизода од своето ток-шоу конечно проговори за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите, кога Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената поради шега за нејзината ќелава глава.
Искрено се надевам дека овие двајца интелигентни и способни мажи ќе имаат можност да се опорават од сѐ, да разговараат и да се смират“, рече таа.
„Со оглед на состојбата на светот денес, потребни ни се и двајцата, а всушност сите сме потребни еден на друг повеќе од кога било“, продолжи таа.
„Дотогаш, Вил и јас ќе продолжиме да го правиме она што го правевме во последните 28 години – а тоа е да продолжиме да го разбираме ова нешто што се нарекува заеднички живот. Ви благодариме што слушавте“, заклучила Џејда.
Видеото погледнете го ТУКА
Да потсетиме, Крис се пошегува дека едвај чека да ја види Џејда во филмот G.I. Jane 2. Тоа беше шега поттикната од новата фризура на актерката која ја избричи главата бидејќи боледува од алопеција. На тоа Смит станал, се качил на бината и му удрил шлаканица на Рок, за да се врати на своето место, викајќи „да не го става името на неговата сопруга во уста“.
„Леле, Вил Смит штотуку ме претепа“, изјави Рок по инцидентот. Подоцна се појавија снимки на кои колегите го смирувале вознемирениот Смит кој 20 минути подоцна го добил Оскарот, а подоцна се извинувал за сѐ.