ЏОНИ ДЕП ЈА ПРОСЛАВИ ПОБЕДАТА! Актерот фатен во кафуле – весел и среќен, а еве кој му правеше друштво (ФОТО)

popara2 јуни, 20221min00
Screenshot_3

Џони Деп вчера ја прослави победата на суд во паб во Њукасл, Велика Британија со музичарите Џеф Бек и Сем Фендер.

 

 

Посетителите на пабот го снимиле Деп како ужива на пиво дружба со пријатели и со широка насмевка на лицето, а фотографиите и снимките ги преплавија социјалните мрежи. Актерот бил добро расположен и со задоволство позирал со обожавателите.

Тој не присуствуваше на соопштување на пресудата поради деловни обврски во Велика Британија. Пресудата беше донесена во средата попладне во судница во Ферфакс, Вирџинија, САД. Поротата заклучи дека Амбер Херд мора да му исплати на Џони Деп 15 милиони долари отштета за клевета.

 

„Поротата ми го врати животот“

Во опширната изјава за „The Post“, која ја сподели на својот инстаграм-профил, Деп преку својот портпарол ја коментираше пресудата.

 

„Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца, животот на моите најблиски, а исто така и животите на луѓето кои ме поддржуваа и веруваа во мене многу, многу години засекогаш се променија. Сè додека трепнеш“ започна тој.

 

„Преку медиумите против мене беа упатени лажни, сериозни и казниви обвиненија, што предизвика бескрајна омраза, иако никогаш не бев обвинет. Обвинувањата го обиколија светот за наносекунди и имаа сеизмички влијание врз мојот живот и кариера“, продолжи актерот.

 

„Шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум среќен. Мојата одлука да продолжам со овој случај, знаејќи ја многу добро висината на правните пречки со кои требаше да се соочам, да се изложам на светск спектакл, беше донесена по долго размислување“, раскажа Деп. „Од самиот почеток, целта на покренувањето на овој случај беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Зборувањето на вистината беше нешто што им го должев на моите деца и на сите оние кои ми останаа верни. Се чувствувам мирно знаејќи дека конечно го постигнав тоа“, рече тој.

 

А објавата погледнете ја ТУКА

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma