Светските медиуми пишуваат дека славниот пар е пред раскинување!
Долгогодишната врска помеѓу пејачката Шакира (45) и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (35) наводно е на работ на колапс откако колумбиската пејачка го фатила своето момче во прељуба, пишуваат странските медиуми.
Според шпанскиот „Elperiodico“, Шакира го фатила Пике во кревет со друга жена. Се наведува дека парот веќе неколку недели живее одвоено откако пејачката го избркала фудбалерот од семејниот дом.
Блиски извори тврдат дека шпанскиот репрезентативец често посетувал ноќни клубови со соиграчот Рики Пуиг и неговото друштво, а знаел од излегување да се врати и околу 3 часот наутро.
Иако се уште не се огласиле за овие приказни, новинар на споменатиот шпански медиум тврди дека парот ќе се разведе.
– Шакира донесе одлука за раскинување. Затоа постои дистанца – рече новинарот за време на подкаст во живо на почетокот на неделава.
Да се потсетиме, латино дивата, Шакира, и фудбалерот Жерар Пике се заедно повеќе од десет години, имаат два сина кои ги добија православните имиња Милан и Маша.