Повеќето од нас уживаа во различни, честопати нездрави, задоволства за време на карантинот. Сепак, доаѓа време да излеземе надвор, а многумина од нас се здебелија неколку килограми повеќе.
Исто така, нашиот организам неминовно акумулира штетни материи кои доаѓаат од лошата исхрана, консумирањето алкохол, тутун, концентриран шеќер, микроорганизми како вируси и бактерии, но и поради загадената околина.
Затоа е потребно одвреме-навреме да му давате на телото „одмор“ од сите штетни агенси, да го исчистите и да ги зајакнете своите одбранбени механизми. Токму затоа овој освежителен и вкусен пијалок за детоксикација е идеален.
Морковите се полни со бета каротин и витамин А, како и со витамини Б, К и калиум. Во комбинација со други суперхрани, добивате незаменлива детоксикација за целиот организам и сите негови системи.
Потребни состојки:
зелено јаболко
половина чаша сецкан ананас
два поголеми моркови
две парчиња свеж ѓумбир
сок од половина лимон
лажичка органски цимет
Подготовка:
Измијте ги сите состојки, излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Ставете ги во соковник и направете пијалок од наведените состојки.