Хигиената, хидратацијата и добрата исхрана се главни предуслови
Бројни фактори влијаат на стареењето на кожата, како надвор од нашето тело, така и оние кои делуваат одвнатре.
Несоодветната грижа може да направи брчки, несовршености и хиперпигментација да се појават веќе во дваесеттите години, кога за некои од овие појави воопшто не е вистинското време.
Хидратацијата и хигиената се предуслови за убава кожа, а без нив сите понатамошни чекори се бескорисни. Дополнително, неопходно е да се има здрава и урамнотежена исхрана, со цел кожата да се снабди со потребните хранливи материи.
Кога станува збор за козметика и производи за нега на кожа, тие треба да се користат во согласност со состојбата на кожата. Неизбежно е кожата со годините да ја губи цврстината и еластичноста и да ослабе нејзината способност да се брани од штетните фактори на животната средина.
Затоа е неопходно вие да и пружите помош. Се препорачува да се грижите за здравјето на вашата кожа во дваесеттите години, а да користите препарати за подмладување, ублажување на брчки и слично само доколку има потреба за тоа.
Триесеттите
Кога станува збор за триесеттите, можете да почнете да користите креми кои содржат активни состојки кои имаат за цел да го забават појавувањето на брчките, иако овие знаци на стареење можеби сè уште не се толку видливи на вашето лице. Можете да користите креми кои содржат супстанции како хијалуронска киселина, антиоксиданси, овошни киселини, ретинол, пептиди и други природни состојки кои обезбедуваат хидратација и затегнување на кожата.
Не треба да престанете со основните чекори, односно пиење доволно количество вода, користење нутритивно висококвалитетна и богата храна, заштита од сонце и редовна, темелна хигиена. Пожелно е да се прави пилинг, барем еднаш неделно. Користете производи кои се прилагодени на вашиот тип на кожа.
Четириесетти
Во четириесеттите, брчките стануваат повидливи, кожата го губи сјајот и на неа може да се појават старечки дамки. Ако сакате, можете да користите малку појак крем. Одвреме-навреме можете да си дозволите третмани, а пилинг треба да користите почесто од претходно.
Педесетти
Во педесеттите брчките стануваат повидливи и поизразени. Ако претходно сте воделе грижа, брчките ќе бидат помалку видливи. Педесеттите се вистинско време да почнете да користите креми кои содржат повеќе колаген и еластин, со цел да се зачува младешкиот изглед. Неопходно е кремите да се приспособат на типот на вашата кожа, што е правило кое треба да го следите до крајот на животот.