СОВЕТИ ЗА НОСЕЊЕ ФУСТАНИ СО ОТВОРЕН ГРБ! Изберете ја вашата гардероба според градбата на телото и не претерувајте со модните додатоци

popara4 јуни, 20221min00
573930_girl-in-a-field-g8ef7ad545-1920_f

Фустанот со гол грб може да изгледа поженствено од оној со нагласено деколте, велат светските стилисти

Бидејќи летото е најидеално време за ваква гардероба, изберете еднобојни од природни ткаенини.

Покрај рамната положба на телото, рамената и подигнатата глава, погледнете уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно.

Фигурата е најважна

Кога носите фустан со гол грб, вашата фигура е многу важна. Доколку сте со средна или пониска висина, стилистите препорачуваат долги фустани со задолжително носење на штикли, бидејќи така ќе ја издолжите силуетата. Ако имате фигура како модел, ќе изгледате неверојатно во тесен краток или долг фустан со гол грб. Доколку сакате уште повеќе да го истакнете изгледот, изберете фустани со монистра, набори, светки и други украсни елементи.

Избор на градник

Многу важна работа кога станува збор за овие фустани е изборот на градник. Треба да го изберете во зависност од текстурата на фустанот и длабочината на изрезот. Првата опција е градник со ниско копчање, кое ќе се најде во пределот околу струкот, а градите ќе ги држи доволно добро. Можете да го изберете и оној со закопчување околу вратот. Неколку модели на фустани со гол грб го покриваат вратот, што овозможува копчињата на градникот да се сокријат под делот што го покрива тој дел од телото.

Негувана кожа

Доколку се одлучите за ваков фустан, обрнете внимание на кожата на грбот која треба да биде мазна. Користете козметички третмани, правете пилинг кои ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки и да обезбедите беспрекорен изглед на кожата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma