Актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, е фотографиран на улиците на Лос Анџелес во непрепознатливо издание.
Метју Пери толку многу се промени од улогата на Чендлер Бинг во хит серијата што повеќето минувачи, како и неговите обожаватели, на почетокот не го ни препознаа додека се возеше низ улиците со автомобил на Астон Мартин.
Matthew Perry looks relaxed as he goes for a drive around LA in his $145K Aston Martin sports… https://t.co/WUVb0TrlDA pic.twitter.com/tIKNX9vvF2
— The Latest Celebrity News 24/7 (@smackgirls) June 2, 2022
Имено, многу фанови на популарната серија коментираа дека актерот изгледа „запуштено“ и дека ова е неговото најлошо издание.
Носеше црна маица и сина тренерка.
Многумина забележаа дека има вишок килограми, а во еден момент до израз дојде неговиот „стомак“.
Инаку, актерот минатата година ја раскина веридбата со Моли Хорвиц, а ова му е едно од ретките појавувања во јавноста. Моментално работи на книгата „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во која наводно ќе ги открие сите интересни факти од неговиот приватен и деловен живот.
– Толку многу се пишуваше за моето минато. Мислев дека е време луѓето да ја слушнат мојата страна од приказната. Преживеав да ја раскажам приказната, иако понекогаш се чинеше дека нема да биде така. И сѐ е тука – изјави неодамна Пери.