Мадона повторно провокативно позираше: „Никогаш не би го правела тоа на твои години“

popara5 јуни, 20221min00
Madonna-Instagram-Stories-2022

Мадона на својот Инстаграм профил објави сет фотографии на кои провокативно позира во кревет, што, судејќи по коментарите, многумина го осудија.

Пејачката позирала само во боди и наметка од Версаче, а сето тоа го заокружила со црни потпетици и самодржливи чорапи.

Поп-кралицата не престанува да ја провоцира јавноста на социјалните мрежи, дури и откако Инстаграм неколку пати ги бришеше нејзините разголени фотографии.

Пејачката не се откажува од провокативното позирање, па овој пат објави серија слики на кои лежи на кревет со кренати нозе.

„Jet leg“, напиша Мадона во описот на објавата.

„Ова е срамота“, „Зошто си го дозволуваш ова“, „Никогаш не би го направил тоа на твоја возраст“, ​​„Уморна сум од овие објави“, „Срам да ти е“, се само дел од коментарите под постот, додека некои го пофалија нејзиниот сексапил и дрскост.

Покрај тоа, пејачката на почетокот на годината на својот профил објавила фотографии со синот Роко (21) на кои изгледа непрепознатливо. Ова го осудија многумина во коментарите, тврдејќи дека изгледа замрзнато, и дека се плаши од стареење.

Да потсетиме, нејзините провокативни објави не ја воодушевија ниту раперката Нели (47) ниту 50 Сент (46) кои коментираа дека претерала со разголените слики на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma