Џони Деп конечно го заврши процесот кој му одзеде многу, но успеа и да ја докаже вистината.
Тој ја доби тужбата за клевета и поранешната сопруга ќе треба да му плати отштета од 15 милиони долари, додека тој ќе и плати 2 милиони долари затоа што судот уважи една точка од нејзината противтужба.
Сепак, животот на Џони Деп е прилично скап. Неговиот поранешен финансиски менаџер изјавил дека Деп од 1999 до 2016 година заработил дури 600 милиони долари.
Актерот трошел на вили, приватни авиони и луксузни патувања, трошејќи 100.000 долари месечно на лекар кој му помагал со зависности, 10.000 долари дневно за осигурување и 200.000 долари месечно за персонал.
Деп во еден момент платил повеќе од 75 милиони долари за купување и одржување на неговите 14 домови, вклучително и замок во Франција и група острови на Бахамите.
Купил и јахта од 18 милиони долари и дури 45 луксузни автомобили, меѓу кои и скапи винтиџ модели на Ролс Ројс.
Џони Деп инвестирал и во уметнички дела, гитари, накит, антиквитети, а месечно трошел и по 30 илјади долари на вина кои ги набавувал од целиот свет.