Ако често ја исправате косата со фен или пегла за коса, свесни сте за штетата што топлината на уредот може да ја направи на вашата коса, но постојат и други начини како брановидната и непослушна коса да изгледа поопуштено и помазно. Природниот гел од ленено семе во комбинација со други квалитетни состојки има такво дејство и го спречува оштетувањето на косата.
Маска од ленено семе можете да направите и дома, а ќе ви требаат:
чаша вода
две лажици ленено семе
една кафена лажичка мед
сок од половина лимон
две лажички рицинусово масло
Подготовка:
Истурете чаша вода во тенџере и додадете две лажици ленено семе. Оставете го да врие неколку минути на тивок оган додека ленот не го ослободи природниот гел. Тргнете го од оган и процедете го гелот од семето.
Додадете мед, сок од лимон и рицинусово масло во добиениот гел. Сè добро измешајте.
Исчешлајте ја косата и малку навлажнете ја, по можност со спреј. Добиената маска нанесете ја на прамените дел по дел, внимавајќи да ја покриете целата должина – од корен до врв. Оставете ја маската да делува 30 минути, но не ја врзувајте, завиткајте ја во крпа и слично. Нежно поминете со рацете над секоја праменка, масирајте го скалпот и повторно исчешлајте ја косата.
Исплакнете го природниот кератин од вашата коса прво со поладна вода, повлекувајќи ги прамените надолу за дополнително да ги исправите. Не мијте го со шампон, туку нанесете регенератор, потоа исплакнете го, а потоа оставете ја косата да се исуши природно. Не тријте со крпа бидејќи тоа може да ја извлече потребната влага од косата.
За најдобри резултати, можете да го повторувате овој третман еднаш неделно. Косата ќе биде права, мазна, мека и негувана.