Пинокио ќе има премиера на Дизни плус на 8-ми септември
По цртаниот филм, приказната за Пинокио од италијанскиот писател Карло Колоди ќе биде преведена на филм. Овој игран филм е во режија на оскаровецот Роберт Земекис, а улогата на дрворезецот Џепето (таткото на Пинокио) ја толкува Том Хенкс. Што се однесува до Пинокио, него ќе го игра Бенџамин Еван Ејнсворт.
Премиерата на филмот „Пинокио“ пристигнува на 8-ми септември на платформата „Дизни плус“.
Приказната се заснова на фактот дека Џепето сака неговата кукла Пинокио да стане момче. Вилата на некој начин ја исполнува желбата на копаничарот, па Пинокио добива живот, но сепак е марионета.
Тој се впушта во своите авантури, каде што ќе има проблематични ситуации. На крајот покажува храброст успевајќи да го спаси својот татко Џепето.
Како награда, самовилата го претвора Пинокио во момче во човечки облик.
Додека не се појави ова остварување, погледнете го трејлерот: