Дали знаете кој хороскопски знак ја носи „ласкавата“ титула „најиритирантен“…?
Тоа е – девицата!
Девиците важат за педантни, темелни и често „комплицирани“ луѓе…
Иако и другите знаци имаат карактеристики кои на многумина не им се допаѓаат, се чини дека потребата на девиците да ги комплицираат и наједноставните работи на светот ги надминала сите недостатоци на другите хороскопски знаци. Речиси и да нема човек кој нема да прокоментира дека „никогаш не сретнале покомплицирана личност“ или „дека е многу тешко да се соработува со нив“.
Девиците се многу аналитични, толку многу што се граничи со секакво претерување, а при донесување одлука мора да бидат запознаени и со најмалите детали. Тие се непопустливи, критични, слабо толерантни и премногу се грижат за речиси сè. Се покажало дека овие особини се токму она поради кое другите хороскопски знаци ги сметаат за иритирачки и неподносливи.
Познати се како „пицајзли“ кои сакаат се да е во совршен ред и само како што тие замислиле, бидејќи се што отстапува од нивната визија за нештата е неприфатливо.
А, ако се случи на некој начин да им замерите или да им направите нешто лошо, бидете сигурни дека никогаш, никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја прилика да ве потсетат на она што сте го направиле, дури и по 100 години. Така што простувањето не им е силна страна…