Природните состојки се ѕвезди на производите за нега во последните години
Меѓу нив е и престар, прав од кора од портокал, кој се прави со дробење на дехидрираната кора од ова цитрусно овошје. Затоа, следниот пат кога ќе почнете механички да ја фрлате кората од портокал, застанете и присетете се зошто таа заслужува важно место во вашата дневна рутина.
Кората од портокал, како и самото овошје е исклучително богата со витамин Ц. Всушност, содржи три пати повеќе од овој витамин отколку во сочниот дел од овошјето, но и повеќе влакна, калциум, витамин А…
Богата е со различни билни соединенија кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Ефикасно и нежно ја чисти кожата, а бидејќи има адстрингентни својства, односно способност да ги намалува порите и да го контролира себумот, се покажа како особено корисна за луѓето со мрсна кожа бидејќи го „отстранува“ вишокот на себум.
А еве за што можете да користите прав од кора од портокал:
– Одличен е за природни пилинг, бидејќи има благо зрнеста текстура. Нејзините природни адстрингентни својства ја прават и ефикасно средство за чистење. Може да помогне да се одзатнат и исчистат порите, што ќе ја направи површината на кожата помазна.
– Ја намалува пигментацијата и лузните од акни. Овој прав е полн со витамин Ц, па затоа е одлично средство за отстранување на пигментацијата. Правот од кора од портокал е широко користен како благ избелувач. Со неговата редовна употреба ќе ги олесните сите траги од пигментација, флеки и лузни предизвикани од акни.
– Го контролира себумот, односно неговото производство на кожата и на тој начин ги намалува шансите за појава на акни и митесери. Затоа, станува неопходна состојка во рутината на нега за секој човек кој има мрсна кожа.
– Има својства против стареење. Содржи хемиски соединенија (лимонен, линалол, цитронелол…) кои и даваат антиоксидантни својства, што пак ја прави одлично средство за забавување и спречување на стареењето. Покрај тоа, ја подобрува циркулацијата на крвта и го зголемува производството на колаген, давајќи ѝ на кожата младешки изглед и сјај.