Момчето на Меган Фокс објави слика со неговата мајка која го оставила кога имал 9 години

popara6 јуни, 20221min00
machine-gun-kelly-3-830x0

– Не е како да се пресели некаде во маало, па да поминам неколку улици и да ја видам. Тоа беше „збогум“ на неколку години – изјави во една прилика раперот

Момчето на Меган Фокс (36), раперот Машин Ган Кели (32) ја објави првата фотографија со неговата мајка која го оставила кога имал 9 години.

Машин со години практично не ја видел мајка си, која го оставила кога му била најпотребна, а се помириле минатата година.

Мајката и синот заедно позираа, раперот ги покажува средните прсти на двете раце, додека мајка покажува два прста, што значи мир.

-Ви ја претставувам мајка ми – напиша накратко Машин на Инстаграм со првата фотографија со неговата мајка.

Раперот зборуваше за отсуството на неговата мајка во детството во песната наречена „Burning Memories“.

– Мразев кога, кога бев дете, таа ќе дојдеше да ме посети на еден ден. Но, ја паметам од времето кога имав девет години и кога беше со татко ми. Беше многу чудно кога таа замина. Не е како да се пресели во маалото, па да поминам неколку улици и да ја видам. Тоа беше „збогум“ на неколку години – изјави во една прилика раперот.

– Кога подоцна дојде да ме види, си помислив „Која си ти по ѓаволите?“. Станував маж во тоа време, не се сеќавав што се случувало кога бев дете. Требаше да биде таму цело време – рече тогаш.