
Детоксикацијата на лицето е исто толку важна како и редовното нанесување на производот
Детоксикацијата вклучува комбинација на препарати, урамнотежена исхрана, како и хидратација однадвор и одвнатре. Не е само еден пијалок или крем што ќе го нанесете, туку неколку чекори кои се преземаат од време на време.
- Балансирана исхрана
Со избегнување на шеќер, алкохол, кафе, брза и преработена храна, вашата кожа ќе биде исклучително благодарна. Повеќе свежо овошје и зеленчук ќе ѝ обезбедат на кожата потребен сјај, хидратација и еластичност. Размислете за збогатување на вашето дневно мени со храна како што се моркови, грозје, кељ, јаткасти плодови, риба, авокадо.
- Повеќе чај
Зелен чај, чај од коприва, ѓумбир или глуварче ќе биде фантастичен избор. Овие растенија се карактеризираат со силни антиинфламаторни ефекти, ја забрзуваат работата на црниот дроб и бубрезите, а можат да го намалат т.н. „темни ќеси“ под очите. Пијте зелен чај наместо кафе – ќе му обезбедите на вашето тело доволно кофеин, а богат е и со антиоксиданси.
- Повеќе масажи и сауна
Редовните масажи и сауни имаат две придобивки за вашето здравје – помагаат да се ослободите од насобраните токсини од телото и да ги опуштите мускулите и целото тело. На пример, по три последователни престои во сауна, може да се исфрли до литар и половина пот, а со тоа и разни видови токсини и тешки метали.
- Најмалку 2 литри вода дневно
Можеби ви е смачено да слушате за важноста од пиење 2 литри вода дневно, но секогаш имајте ги на ум придобивките за вашето здравје. Ќе се ослободите од токсините, ќе го забрзате метаболизмот и варењето, како и циркулацијата.
- Редовна физичка активност
Обидете се да одвоите најмалку 30 минути или еден час дневно за физичка активност и вежбање. Можете да пешачите, да возите велосипед и да правите неколку вежби.
- Наутро пијте млака вода со лимон
Брза и лесна детоксикација на телото која секој може да си ја дозволи. Веднаш штом ќе станете испијте чаша млака вода со лимон.
- Редовен пилинг на лицето
Пилингот е многу важен предмет, кој често се заборава. Пожелно е пилинг на лицето два пати неделно бидејќи го отстранува слојот од мртви клетки од кожата, остатоците од шминка и насобраните нечистотии.