Добро искористете ја сезоната на краставици
Краставиците се богати со антиоксиданси, витамини и минерали, па затоа се меѓу многу корисните намирници.
Тие влијаат на нашиот изглед, кожа и коса, но и на нашето здравје. Ни даваат енергија и хидратираат до максимум. Тие се користат во Индија уште од античко време, не само како дел од исхраната, туку и во традиционалната медицина.
Многумина не се ни свесни колку е корисен овој зеленчук. Еве како влијае на нашето тело ако се консумира редовно:
- Помага при слабеење
Високото ниво на вода во краставиците помага да се одржи ситоста и да се контролира внесот на храна. Краставицата не содржи масти и е нискокалорична, па е одлична за слабеење.
- Го забрзува варењето
Краставиците содржат растителни влакна, витамини и висока содржина на вода, што му помага на вашето варење да работи подобро. Затоа, само една краставица може да ги реши дигестивните проблеми.
- Ги хидрира кожата и косата максимално
Краставиците се полни со вода, а со секојдневно консумирање го подобрувате целокупното ниво на хидратација на организмот, што е голем плус за здравјето.
Освен тоа, содржат и витамини Б и Ц, како цинк и се клучни за убава кожа. Полни се и со кофеинска киселина, која има антивоспалителни својства, а фисетинот во краставицата помага во борбата против првите знаци на стареење на кожата.
Витамините Б, како што е рибофлавинот, со кој се богати краставиците, се одговорни за одржување на здрава коса. Покрај нив, важен е и биотинот и витаминот Ц кои исто така го спречуваат предвременото опаѓање и појавата на седа коса.