Еден од основачите на американскиот бенд Бон Џови, поранешниот басист Алек Џон Саш, почина на 70-годишна возраст. Тој свиреше со бендот од 1983 до 1994 година и беше заслужен за зближувањето на бендот.
„Алек беше составен дел од формирањето на бендот… Да бидам искрен, преку него го најдовме патот еден до друг. Денеска тие спомени ми носат насмевка, но и солзи. Многу ќе ни недостига“, напиша Џон Бон Џови на Твитер.
Alec, you will be missed pic.twitter.com/ilfTeYyQhR
— Bon Jovi (@BonJovi) June 5, 2022
Саш е роден на 14 ноември 1951 година во Њујорк. Тој свиреше во бендот The Massage и беше одговорен за свирките на Jon Bon Jovi и The Wild Ones пред да се приклучи на бендот.
Тој еднаш раскажа дека издавачката куќа лажела за неговата возраст. „Имав 31 година кога му се приклучив на бендот, бев 10 години постар од остатокот од бендот. На крајот, сестра ми беше многу лута затоа што весниците ја опишаа како моја постара сестра кога беше всушност помлада“, рече тој.