Препознајте ги ЦРВЕНИТЕ знаменца во врската на време: Три знаци дека вашиот партнер тајно ве контролира

popara7 јуни, 20221min00
ljubomora

Контролата на вашиот партнер не е нешто што треба да го толерирате во врската

Здравата врска не е толку тешко да се препознае. Во неа партнерите се почитуваат, нема љубомора, како и постојано испрашување и контрола на партнерот.

Сепак, понекогаш е тешко да се повлече линијата помеѓу прекумерната контрола и помалку забележливото контролирачко однесување на партнерот, што може да биде исклучително токсично за некоја личност.

Најважно е навреме да ги забележите знаците дека партнерот премногу ве контролира, за да реагирате на таквото однесување.

Ако вашиот партнер прави една од овие три работи, тие се црвено знаменце за вашата врска.

  1. Тешко го прифаќа вашето мислење

Партнерот се однесува како да е најпаметен и да знае се. Без разлика на која тема зборувате, вашиот партнер не е подготвен да го прифати вашето мислење, па дури и може да ве презира поради тоа. Тој упорно ви ги наметнува своите сугестии и ставови и апсолутно ништо друго не е пресудно за него освен неговото мислење.

  1. Го контролира вашиот сексуален живот

Кога ќе бидете сексуално активни, на кој начин, каде… Сето тоа го одредува вашиот партнер, а вие немате право на глас. Понекогаш ве притиска на тоа, иако не сакате. Ова е голем предупредувачки знак дека нешто не функционира во врската.

  1. Своето однесување го прилагодувате според него

Секоја заедница се заснова на прилагодување и прифаќање компромиси. Проблемот настанува кога само вие го прилагодувате своето однесување според партнерот. Вашите гестови, изборот на зборови, однесувањето… се е подредено на партнерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag