Комбинација од традиционално и модерно: Материјал за венчаници кој со векови не излегува од мода (ФОТО)

popara8 јуни, 20221min00
6cf573e450aa49da9aa9225429cc3ebadd8f6ae1

Дојде време за сите свадби кои се одложуваат последните две години

Младенците бараат совршен амбиент во кој ќе го кажат судбоносното „да“, а невестите особено се фокусирани на барање венчаница, што често не е лесно.

Доколку размислувате за венчаница од чипка, материјал кој со векови се смета за карактеристика на нежност и женственост, вие сте на вистинскиот пат.

Познатата венчаница од тантела и денес е дел од модата кога се во прашање венчаниците. Да се сетиме само на венчаницата на Кејт Мидлтон, која не потсети сите дека моделот кој го избра е класика која не поминува. Доколку не сте сигурни за чипката, фустанот не мора да биде целосно покриен со неа. Иако често се поврзува со старомодно, широкиот избор на венчаници достапни денес значи дека можете да го изберете речиси секој крој со тантела, од сирена и А до боемски изглед. Значи, чипката е сестран материјал.

Фустанот со тантела е исклучително флексибилен па може да се прилагоди на многу видови на свадби. Без разлика дали се венчате во црква или само пред матичар, чипката изгледа убаво на мини фустани, миди кроеви, но и на фустаните до подот. Може да се прилагоди и на различни деколтеа, од оние во форма на корсет до V-деколте.

Венчаницата со тантела прави фустанот да изгледа потрадиционално, а во исто време има модерна силуета, па можете да комбинирате модерен и традиционален изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma