Инаку, Мадона е вклучена во филмот и ќе биде косценарист, продуцент и режисер
Џулија Гарнер, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Inventing Anna“, наскоро би можела да ја глуми Мадона. Според „Variety“, актерката ја добила главната улога во претстојниот биографски филм за кралицата на попот.
Џулија Гарнер наводно била избрана да ја игра Мадона додека десетици други актерки се натпреварувале со неа.
– Проектот Мадона е во активен развој, а Џулија Гарнер е изборот да ја игра Мадона во биографски филм – изјави за „Пипл“ извор близок до проектот.
Инаку, Мадона е вклучена во филмот и ќе биде косценарист, продуцент и режисер.
Кралицата на попот го најави овој проект минатиот октомври, а потоа изјави дека сценариото е речиси готово.