Дали ги чувате доматите во фрижидер? Во еден случај, тоа воопшто НЕ Е ДОБРА ИДЕЈА

popara8 јуни, 20221min00
Screenshot 2022-06-08 215318

Еве како да ги одржувате доматите свежи што е можно подолго.

Сите сакаме купениот домат да биде свеж и сладок што подолго, без разлика на начинот на кој го подготвуваме и со кои јадења. За да го постигнете тоа и да го одржите свеж што е можно подолго, важен е начинот на чување.

Како се чува домат?

Доколку доматот се уште не е зрел, најдобро е да го чувате неколку дена додека не созрее, а потоа да го подготвите. Зрелите домати можат да останат свежи во фрижидер околу две недели.

Можеме да ги чуваме доматите во фрижидер, но важно е да се земе предвид зрелоста на доматите. Ладењето го прекинува процесот на зреење. Ако ставите незрели домати во фрижидер, тие ќе останат такви. Доколку сте купиле презрели домати, задолжително ставете ги во фрижидер за да се забави расипувањето.

Замрзнување на доматите

Ако имате повеќе зрели домати, а не сакате да ги користите сите, оставете ги да се исушат, извадете ги стебленцата и замрзнете ги во сад или кесичка за замрзнување. Кога сакате да ги јадете, само ставете ги замрзнатите домати во сад со млака вода. По неколку минути во вода, лесно ќе можете да ја излупите кората. Во тој случај најдобро е за варени јадења како на пример сос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma