ОВА Е ОДЛИЧЕН СТИЛ ЗА ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ Бидете во тренд – бохо кралица во секоја прилика!

popara8 јуни, 20221min00
Screenshot_2

Со многуте летни трендови, бохо стилот е омилен на многу жени во топлите денови

 

 

Лесни туники, лелеави здолништа, фустани кои треперат на ветрот, широки панталони со различен дизајн …

 

 

 

А кога ќе додадете шапка со широк обод, рамни сандали, чанта со долг ремен и уште неколку алки и ѓердани, ќе изгледате како вистинска бохо девојка.

 

Овој стил, кој одвреме-навреме се враќа на модната сцена, е роден во 1960-тите, а ги обединил хипи модата и етно-деталите.

 

Опуштено и колоритно е мотото на овој стил.Романтичните парчиња се носат и преку ден и навечер, на работа, при прошетки во природа, па дури и на плажа.

 

Чантите се посебен детал, кој дава печат на целата комбинација.Најчесто се изработени од ткаенина, плетени, тркалезни, украсени со реси, мониста.

 

Изберете ги оние во светли бои кои потсетуваат на индиски мотиви или одлучете се за некои помирни нијанси.

 

Кога станува збор за обувките, на ум ни доаѓаат Римјанки, рамни сандали со прерамки кои поминуваат преку прстите.

Пожелни се и влечки, рамни, со реси, камења, школки… Што се однесува до боите – тоа е ваш избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma