Поп ѕвездата Бритни Спирс се очекува денеска да се омажи за нејзиниот 12 години помлад вереник Сем Асгари.
Според TMZ, 40-годишната пејачка и 28-годишниот фитнес инструктор ќе ги разменат брачните завети пред стотина луѓе.
Додека нејзиниот брат Брајан треба да биде присутен, нејзините родители Џејми и Лин Спирс, како и нејзината сестра Џејми Лин, најверојатно нема да се појават на церемонијата. Според Дејли Мејл, нејзините родители не добиле ниту покана за свадбата.
Се уште не е јасно кој ќе ја однесе Бритни до олтарот.
Асгари и Спирс се свршија во септември 2021 година, а набргу потоа тој беше виден како избира прстен.
Да се потсетиме, Бритни веќе беше во брак со Кевин Федерлајн, а имаат и два сина – 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден.