Ако некогаш сте се запрашале која славна личност носи најскапа чанта, одговорот е – поп дивата Џенифер Лопез
Оваа латино пејачка и актерка е горда сопственичка на чантата „Hermes Himalayan Birkin“ која чини дури 300.000 евра.
„Биркин Хималајан“ ја заслужи титулата за најпосакувана чанта на светот поради својата изработка и материјал. Името не се однесува на нејзиното потекло, туку на сивата боја која се прелева во бела, потсетува на планински венец, а е направена од специјална крокодилска кожа.
Ова извонредно парче е подарок од нејзиниот поранешен вереник Алекс Родригез, но Џенифер сè уште го носи низ улиците на Бел Ер со нејзиниот сегашен вереник Бен Афлек.
Покрај „кели хималајан“, која е позната како најретката чанта на светот, „биркин хималајан“ е најпопуларна чанта меѓу колекционерите.