Сте се вљубиле до уши и размислувате на партнерот да му ги кажете волшебните зборови, односно да му/и изјавите љубов? Пред да донесете конечна одлука, прочитајте во кои случаи зборовите „те сакам’ предизвикуваат тотална катастрофа.
Ако сте тип на личност која што не може да биде сама, туку оди од една врска во друга за да чувствувате исполнето, големи се шансите дека прерано ќе изјавите љубов.
Пред да кажете „те сакам“, размислете дали воопшто сте дошле толку далеку во врската и што очекувате. Порано или подоцна ќе мора да застанете на топката и да заклучите дека дошло време малку да бидете сами и да почекате некој/а по кого навистина ќе бидете „луди“.
Тишина
Непријатен е моментот кога ќе му/и кажете на партнерот/партнерката дека ги сакате, а од другата страна има само тишина. Таквиот потег може само да ја уназади врската. Едната страна ќе биде лута, а другата збунета. Можеби некогаш е попаметно малку да се размисли и да се остави уште малку време до конечната одлука. Но, ако сте навистина сигурни дека се работи за маж или жена на вашиот живот, вреди да се ризикува.
Рана фаза
Во така незгодни ситуации лесно доаѓа до збунетост. Ако имате интензивни чувства во раната фаза на врската и се одлучите да кажете „те сакам“, партнерот/партнерката би можел/а да помисли дека тоа го кажувате само за да и ласкате.
Запрашајте се колку добро се познавате. На почетокот на врската паровите често се заслепени и не ги гледаат сите особини на партнерот. Запрашајте се дали знаете доволно за претходните врски на партнерот и каков впечаток оставиле на личноста и што тој/та сака од животот. Пред да кажете „те сакам“, размислете дали навистина ја познавате таа личност или имате само одредена слика за неа/него. Несигурноста исто така може да наведе на грешка. Понекогаш луѓето мислат дека со изјавата на љубов ќе го врзат партнерот за себе и ќе ја избркаат евентуалната конкуренција.
„Те сакам“ може и да навреди
Ако ги кажете волшебните зборови прерано, партнерот може и да се налути бидејќи сè уште е во фаза на двоумење дали сака сериозна врска со вас или не.
Кога еднаш ќе кажете така важна и сериозна констатација нема враќање назад и останува непријатна тишина помеѓу луѓето ако другиот не возврати. Можеби тој/таа размислува дали врската има потенцијал и дали би можеле да дојдете до таа точка, но сè уште не е подготвен/а на тој чекор па чувствува притисок бргу да реагира.
Во ваквите ситуации најчесто доаѓа до раскинување бидејќи другата страна не сака да се носи со притисокот и очекувањата на кои не е подготвен/а.
Ако сте вие подготвени на ваков ризик и навистина верувате дека треба да ги кажете волшебните зборови, најпрвин тоа покажете го со дела. Наместо своите чувства да ги покажувате со зборови, подгответе неколку романтични изненадувања. Потоа гледајте ги реакциите и од нив можете да заклучите дали другата страна размислува на ист начин за вас.