Доколку сакате лесен и здрав оброк кој ќе ве засити, полн е со витамини, минерали и здрави масти, а нискокалоричен – салатата од туна е вистинскиот избор.
Сигурно сте пробале разни салати од туна, но оваа комбинација на намирници е посебна – плени со својот вкус и здравје. Краставицата содржи многу вода, што ја прави одлична храна за хидратација, туната содржи протеини, а авокадото и маслиновото масло се добар извор на здрави масти.
Оваа салата можете да ја подготвите дома и да ја однесете на работа, но можете да ја направите и како лесна вечера за целото семејство. Еве го рецептот:
Состојки:
1 краставица
1 авокадо
1/2 црн или виолетов кромид
1 конзерва туна
свеж магдонос
исцеден сок од лимон
маслиново масло
сол, бибер
Подготовка:
Не лупете ја краставицата, само исечете ја на половина прстени. Излупете го авокадото и изрендајте го. Исечкајте го и кромидот, па измешајте сè во сад. Додадете туна, магдонос, сок од лимон, маслиново масло. Посипете и додадете бибер по вкус. Добро измешајте и послужете ја ладна.