Бред Пит и Луис Хамилтон дефинитивно соработуваат на скапиот филм за Формула 1

popara10 јуни, 20221min00
bred-pit-luis-hamilton-830x0

Луис Хамилтон ќе ги здружи силите со Бред Пит во Формула 1 филмот откако Apple ги доби правата за реализација во договор вреден 130 милиони долари.

Според Deadline, Пит (58) во филмот ќе игра пензиониран возач на тркачки автомобил кој се натпреварува со почетник, а поранешниот светски шампион (37) ќе биде еден од продуцентите на проектот.

Филмот, кој се уште нема наслов, ќе го режира Џозеф Косински, кој неодамна го режираше познатиот „Top Gun: Maverick“.

Ликот на Пит ќе се обиде да ја врати својата тркачка слава, но и да биде ментор на младиот возач, кој ќе се бори против некои од најбрзите тркачи во Формула 1, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за амбициозен проект кој ќе биде поддржан од супер продуцентот Џери Брукхајмер, како и сценаристот Ерен Кругер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma