КАКО ДА ГО ИСЧИСТИТЕ БУШАВИОТ ТЕПИХ Само следете ги овие чекори и тој ќе биде како нов

popara10 јуни, 20221min00
Screenshot_2

Теписите треба редовно да се чистат со правосмукалка и да се перат на секои неколку месеци за да се отстранат честичките и прашината.

 

 

За да не трошите пари на професионално чистење секој пат, експертите открија неколку совети со кои вашиот бушав тепих ќе изгледа како нов.

 

 

 

Експертите советуваат да се измешаат сода бикарбона и оцет и растворот рамномерно да се распореди на тепихот.

 

Потоа со цврста четка втријте го во влакната од тепихот и оставете го да отстои преку ноќ.

 

Наутро само соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка, а потоа наполнете го шишето со спреј со оцет и ладна вода, во еднакви размери и на тој начин испрскајте го тепихот, а потоа тријте со тврда четка.

 

За тепихот да изгледа како нов што е можно подолго, препорачале и редовно чистење со правосмукалка.

 

Во принцип, треба да чистите околу еднаш неделно, а ако имате бушав и мек тепих, дури и двапати неделно.

 

Прашината може да се акумулира премногу често во просториите што не ги користите, па можеби ќе треба повеќе да чистгите.

Што се однесува до дамките, многу е важно брзо да се делува бидејќи овој тип на тепих брзо впива сè.З а пијалоци или дамки од кал, прво избришете ја трагата со раствор од два литра вода со четвртина лажичка алкохолен оцет. Не тријте премногу силно бидејќи дамката може да влезе во влакната на тепихот и ризикувате трајно оштетување.

 

За тврдоглави дамки од крв, вино и кафе, експертите советуваат да се користи амонијак измешан со вода, но ако тепихот е волнен, држете се до благ детергент. Исто така, никогаш не треба да користите топла вода кога чистите теписи, бидејќи може да ги влоши дамките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma