Првиот маж на Бритни Спирс се обиде да упадне на нејзината свадба: Се пренесувал на Инстаграм, полицијата го совладала

popara11 јуни, 20221min00
tan2019-7-2371896960-830x0

Венчавката на Бритни Спирс со Сем Ашгари наводно била прекината во четвртокот кога се појавил нејзиниот прв сопруг Џејсон Александар, кој се обидел да упадне во настанот.

Според TMZ, Александар го споделил својот обид во живо на Инстаграм додека се приближувал до обезбедувањето, велејќи дека пејачката му се јавила.

Александар исто така рекол дека Спирс е неговата „прва и единствена сопруга“ и дека планира да упадне во нејзината венчавка. Целата работа ја пренесуваше во живо, сè додека не успеа да стигне до куќата и свадбениот шатор на Бритни. Потоа, како што пишува порталот, дошло до „физичка пресметка“ и полицијата била повикана на местото на настанот.

Според Variety, Александар бил уапсен на лице место кога полицијата открила дека не смее да ги премине границите на неговиот округ.

Адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт, за TMZ изјави дека е „апсолутно лут“ што Џејсон се обидел да ја уништи венчавката и додаде дека Александар треба да биде затворен.

Розенгарт изјави за TMZ дека Бритни е безбедна.

– Јас лично работам со одделот на шерифот за да се погрижам господинот Александар да биде кривично гонет во целосна мерка на законот.

Александар е пријател од детството на Бритни; тие се венчаа во 2004 година, но заедницата беше поништена 55 часа подоцна.

Тој и даде јавна поддршка на Бритни за време на движењето #FreeBritney – присуствуваше на митинг пред зградата на судот во Лос Анџелес во август 2020 година и им кажа на камерите дека тој и Бритни неодамна комуницирале.