Били Ајлиш во песна го спомена судењето на Џони Деп и Амбер Херд: Публиката е во транс од стиховите на песната

popara11 јуни, 20221min00
bili-ajlis-copy-830x0

Американската пејачка Били Ајлиш ја воодушеви својата публика со песната наречена „ТВ“, а она што ги заинтригира сите е тоа што преку нејзините текстови го спомна судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Имено, Били оваа песна ја дебитираше во вторникот во Велика Британија на еден од настапите, а песната која ја изведе за публиката се уште не е објавена.

Меланхолична песна во еден дел од текстот се однесува на популарното судење на Деп-Херд кое заврши минатата недела.

„Интернетот полуде гледајќи ги филмските ѕвезди на суд додека тие го превртуваат Рој против Вејд“, пееше Ајлиш додека седеше на столот спроти нејзиниот брат и соработникот Финијас, кој свиреше акустична гитара.

„Само што го напишавме ова и сакавме само да ви го отсвириме“, рече Ајлиш презентирајќи ја песната.

Инаку, минатата недела судот донесе одлука во корист на ѕвездата од франшизата „Пиратите од Карибите“, кој доби во спорот против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.