
Ви загоре пеглата и сте подготвени да ја фрлите? Чекајте, можеби имате состојка во куќата што ќе ја спаси, а вие ќе заштедите пари за купување нов апарат.
Користете сол
Солта е основна намирница и состојка која сите ја имаме во кујната и без која на повеќето луѓе им е тешко да замислат едно јадење. Но, покрај таа основна намена, се покажа како ефикасен и за чистење на изгорените дамки кои се формираат на пеглата. Имено, тие можат да се отстранат ако на даската за пеглање ќе ја намачкате сува крпа посипана со сол. Потоа потребно е да ја вклучите пеглата на висока температура и да поминете преку крпата, односно солта, неколку пати додека не се отстранат дамките.
Сода бикарбона
Ако мислевте дека е добра само за приготвување намирници, се лажете, бидејќи прави неверојатни работи на полето на чистењето, исто како и солта. Направете паста од две лажици од тој прав и една лажица вода за да ја премачкате пеглата додека се лади. Потоа добро истријте со чиста крпа, внимавајќи да не ја изгребате.
Паста за заби или оцет
Кога пеглата е целосно ладна и нејзиниот резервоар за вода е празен, втријте ја паста за заби на извалканите делови од плочата, а потоа поминете со чиста крпа преку неа. Потоа наполнете го резервоарот со вода и вклучете ја пеглата. Ставете крпа на даската, а потоа поминете ја со пеглата на пареа. Мешавина од оцет и вода во иста количина треба да помогне во користењето на тој систем.