Неправедно запоставено, а прави чуда за кожата: Кои се сите предности на маслото од орев?

popara12 јуни, 20221min00
walnut-oil-g3dcabb9411920-830x0

Многу неправедно запоставено, а некои експерти тврдат дека маслото од орев би можело да биде вистинско чудо во негата на кожата. Се користи со векови во ритуалите за подмладување, бидејќи ѝ дава на кожата висок процент на влажност.

Дури и историските документи наведуваат дека ова масло било вистински тренд во 17 век, но и многу порано, во античка Грција и Рим.

Иако не е толку популарно како арганот или бадемот, маслото од орев е врвна состојка благодарение на неговите смирувачки и антимикробни ефекти врз кожата, пишува Byrdie.

Маслото од орев се добива од самиот плод. Оревите се општо признати како еден од најздравите јаткасти плодови, а некои студии сугерираат дека дури и само консумирањето масло од орев може да го промовира здравјето на кожата.

Кога се нанесува на кожата, придобивките од маслото се уште поголеми.

Маслото од орев е емолиент за регенерација на кожата, што значи дека има моќ да ја омекне и смирува. Истражувањата покажуваат дека го подобрува здравјето на кожата, помага побрзо зараснување на раните и лечи некои кожни болести, како што е егзема.

Богато е со антиоксиданси, благодарение на големата доза на витамин Е, омега-3 масни киселини и линолеинска киселина, која, според бројни студии, ефикасно ја регенерира и омекнува кожата.

Оревот има и значително количество на витамин Б5, попознат како пантенол, кој има антивоспалителни, хидратантни и регенеративни својства.

Исто така, содржи високо ниво на линоленска и олеинска киселина, така што обезбедува влажност на кожата и помага во обновувањето на бариерата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma