Како Синди Крафорд и Наоми Кембел зборуваат за Џорџ Мајкл: Објавена нова снимка од документарецот

popara12 јуни, 20221min00
Dzordz-Majkl-3-830x0

„George Michael Freedom Uncut“ ќе биде премиерно прикажан како глобален кино настан на 22-ри јуни.

Објавено е новото видео од претстојниот долгометражен документарен филм за Џорџ Мајкл, насловен „George Michael Freedom Uncut“. Во него се појавуваат Елтон Џон, Марк Ронсон, Жан Пол Готје, Синди Крафорд, Наоми Кембел и други познати личности за влијанието на песната и видеото „Freedom! ’90“ (Џорџ Мајкл) во режија на Дејвид Финчер.

– Видеото кажа се. Тоа беше генијална и револуционерна работа – изјави Жан Пол Готје.

За легендарното видео проговори и манекенката Наоми Кембел која беше дел од него.

– Џорџ ми го претстави тоа (идејата за видеото) во Лос Анџелес и неговите точни зборови беа: „Ти си водач на бандата и ако не кажеш да, другите девојки нема да го сторат тоа“ – рекла Наоми.

Документарецот е раскажан од Џорџ Мајкл кој работел на овој проект пред да умре на 53-годишна возраст на католички Божиќ на 25-ти декември 2016 година. Мајкл работел на филмот во соработка со корежисерот, продуцентот и пријател Дејвид Остин.

Други соработници на документарецот се Стиви Вондер, Рики Џервејс, Ниал Роџерс, Лијам Галагер, Мери Џеј Блајџ, Тони Бенет, Џејмс Корден и Трејси Емин, пишува „NME“.

Синопсисот на документарниот филм гласи: „Потресно и трогателно оддавање почит на наследството на еден од најголемите британски изведувачи, во неговото последно дело Џорџ Мајкл ја враќа нарацијата за неговата кариера, личен живот и контроверзност во соработка со ко-режисерот, продуцент и пријател, Дејвид Остин“.

„George Michael Freedom Uncut“ ќе биде премиерно прикажан како глобален кино настан на 22-ри јуни.

Погледнете го видеото:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma