Хорор на концертот на Хари Стајлс: Човек паднал од трибините во публиката

popara12 јуни, 20221min00
profimedia-0699009838-830x0

Засега не се знае во каква состојба е повредениот, чие име не е познато

Концертот што синоќа го одржа Хари Стајлс во Глазгов заврши со трагедија откако еден обожавател падна од горниот балкон во публиката.

Инцидентот се случил околу 22 часот и 15 минути додека поранешната ѕвезда на „One Direction“ настапувала на градскиот стадион Ајброкс.

Полицијата соопшти дека мажот паднал од највисоката трибина на трибината под неа пред да заврши настапот. На концертот присуствувале околу 50 илјади луѓе, а некои велат дека човекот паднал додека Стајлс ја изведувал својата песна „Kiwi“, пренесува „LADbible“.

– Полициски службеници биле известени за маж кој паднал од трибините на стадионот во Глазгов околу 22:15 часот во саботата, 11.06.2022 година. Немало сомнителни околности, а човекот бил прегледан од медицински персонал – изјави полицијата за „The Scottish Sun“.

Засега не се знае во каква состојба е повредениот, чие име не е познато. Бројни фанови ја изразија својата загриженост поради инцидентот на Твитер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma