Заборавете на ЗАМАЧКАНОТО стакло и триењето до бесвест: Искористете ја оваа намирница и вашите прозорци за миг ќе ЗАБЛЕСКААТ

popara14 јуни, 20221min00
25545_shutterstock-582831781_f

Сите слушнале дека оцетот и сода бикарбоната силно ги отстрануваат нечистотиите, но сигурно не сте знаеле за оваа намирница.

Дали знаете дека одредена намирница ефикасно ја отстранува нечистотијата во домот? Секој знае за употребата на сок од лимон, оцет и сода бикарбона за чистење на тврдоглави дамки, бигор, па дури и метал, а има некои намирници за кои никогаш не би помислиле дека имаат „дезинфицирачки“ својства.

Еден од нив е компирот! Омилената храна ширум светот е многу ефикасна за чистење стакло.

На сите им е позната ситуацијата кога по миењето на прозорците остануваат надолжни траги од ткаенина или весници (ако ги користите). Овој проблем со компирот нема да го имате.

Еве што да направите: Поголем компир исечете на половина. Избришете го прозорецот со исечената страна, добро истријте за да се ослободи течноста. Потоа избришете го стаклото со крпа или весник, доколку сте навикнати на тоа. Нема да има грди ленти на прозорецот!

Постои уште една помалку позната употреба на компирот за чистење, за перење волнени и светли ткаенини. Во овој случај, компирот треба да се изренда, да се исцеди сокот и да се измеша со топла вода. Мешајте ја течноста додека не запени и со неа измијте ја облеката. Потоа исплакнете, а во последното плакнење слободно додадете малку оцет.

Овој метод, пак, не треба да се користи со бели волнени парчиња, бидејќи ќе пожолтат во контакт со сокот од компири.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma