Ниту една врска не е заштитена од изневерата. Вие може и да не се сомневате и вашиот партнер многу непријатно да ве „изненади“. За да не се случи тоа, и вие да не останете скршена до болка затоа што сте му верувале, препознајте ги знаците на изневерата.
- Бакнежите намалуваат. Наеднаш или постепено тој престанува да ве бакнува толку често како порано. Чувствувате дека неговите бакнежи се присилени и без страст. Тоа значи дека на друго место ги искажува своите интимни емоции.
- Топлите прегратки исчезнуваат. Кога лежите двајцата во кревет, тој избегнува да ве прегрнува. Со изговор дека го боли грбот или дека не му е удобно, полека ве оддалечува од него.
- Сексот е реткост или исчезнува. Ништо не се менува во вашето секојдневие, само сексот станува лош или воопшто го нема. Тој секогаш наоѓа изговори дека е премногу уморен или дека има мигрена. Можеби постои некоја друга, која му ја зема целата енергија.
- Веќе не се грижи за вашето задоволство. Дури и ако имате секс, ништо не е како порано. Негова основна грижа е да биде задоволен тој и веќе не ве допира на начин што знае дека ве полудува.
- Неговиот телефон секогаш му е до раката. Никогаш не се разделува со својот мобилен телефон, дури ни кога е во бањата. Секогаш е исклучен звукот и после секоја пристигната SMS- порака или јавување е вознемирен.
- Останува на работа до покасно. Многу често мажите изневеруваат со колешка на работа или останувањето до доцна на работа им е најлесниот изговор што можат да го дадат, без вие да поставувате прашања.
- Одеднаш има ново хоби на кое посветува многу време. Ако наеднаш пројави интерес кон некој спорт или кон фитнес салата, тој можеби сака малку време само за него. Но, можеби сака што повеќе време да биде подалеку од вас.