ПИЛИНГ СПОРЕД ТИПОТ НА КОЖАТА! Козметичар открива дека овесот ги брише акните, бадемот брчките!

popara14 јуни, 20221min00
Screenshot_12

Оризот е најдобар за чувствителна кожа, на сувата ѝ одговара шеќер, додека кафето го ублажува целулитот. Имајте на ум дека морската сол се нанесува директно со влажни раце …

 

 

 

Ориз

За чувствителна кожа, најдобар избор е пилинг на база на оризови трици, кој може да ги замени сечканите зрна ориз или оризовото брашно. Ја чистат кожата, ги ублажуваат хроничните воспаленија и богати се со фитинска киселина која го поттикнува производството на колаген, а со тоа и еластичноста на кожата.

 

РЕЦЕПТ: Оризот прво треба да се иситни додека не стане прашок. Потоа додадете неколку капки вода додека прашокот не стане паста и нежно втријте ја на кожата. На крајот, едноставно исплакнете го лицето и исушете го со пешкир.

 

Шеќер

Пилингот на база на шеќер е одличен за сува кожа бидејќи помага да се задржи влажноста. Шеќерот е понежен од солта и е природен извор на гликолна киселина која ја зацврстува кожата.

 

РЕЦЕПТ: Измешајте шолја шеќер и половина шолја маслиново масло, а потоа додадете неколку капки есенцијално масло по желба. Добиениот пилинг втријте го со кружни движења на лицето или телото и нежно масирајте, а потоа исплакнете. Смесата можете да ја ставите во тегла и да ја користите по потреба.

 

Кафе

Грубо мелените зрна кафе и помагаат на комбинираната кожа. Ја поттикнуваат циркулацијата и ја зајакнуваат кожата со што се намалуваат масните наслаги и целулитот.

 

РЕЦЕПТ: Половина шолја зрна кафе прво треба да се крупно сомелени, а потоа додадете четвртина шолја кафеав или бел шеќер и половина шолја маслиново масло. Смесата треба да се втрие на кожата, да се остави да делува 15 минути и потоа да се исплакне.

 

Овесни трици

Овесните снегулки помагаат на проблематичната кожа со акни, нежно ги отстрануваат нечистотиите од порите и делуваат смирувачки, поради што се одличен избор за воспалена кожа.

 

РЕЦЕПТ: Во сад ставете третина од шолја овес, една лажица мед, една лажица маслиново масло и една лажица сок од лимон. Се добро измешајте, но овесот се препорачува претходно да се сомеле во мелница за кафе. Смесата втријте ја на кожата, оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma