Лин Спирс, мајката на пејачката Бритни Спирс, преку социјалните мрежи и честиташе на нејзината ќерка за венчавката со Сем Ашгари.
Имено, пејачката не ја поканила мајка си на свадба, а приликата ја искористила да и честита преку Инстаграм.
– Изгледаш блескаво и толку среќно. Вашата свадба е онаа од соништата! И тоа што го имате дома ја прави толку сентиментална и посебна. Многу сум среќна за тебе. Те сакам – напиша Лин под една од фотографиите на Бритни на социјалните мрежи.
Нејзиниот коментар растажи многумина, бидејќи во еден од најважните денови во животот на секој родител, таа не можеше да биде со својата ќерка.
Бритни Спирс се одлучила за помала прослава, а на венчавката имало околу 60 гости, меѓу кои и познати личности.
Парис Хилтон, актерката Дру Баримор, Донатела Версаче и актерката Марија Менунос присуствуваа на најсреќниот ден на пејачката.
Да потсетиме, Бритни Спирс и Сем Ашгари се венчаа во Лос Анџелес, а нивната церемонија за малку ќе ја расипеше нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар. Тој упадна во приватен имот во време кога се привршуваа последните подготовки пред венчавката, а сè сними преку директен пренос на Инстаграм. По апсењето, му беше забрането да и се приближува на пејачката.