Целосно природниот изглед на косата на ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Актерката се откажала од фенирањето (ФОТО)

popara15 јуни, 20221min00
6c314572be4c4cb618bd762c839d5700dec0abde

Холивудските ѕвезди ни порачуваат да се ослободиме од пеглата и фенот

Како што доаѓаат топлите денови, станува сè потешко да ја обликуваме косата. Често знае да биде непослушна и секој прамен да оди на своја страна. Ако сепак се потрудиме да ја скротиме, ретко кој ја задржува посакуваната фризура. Обично се распаѓа по многу краток временски период, а целиот труд е залуден.

Поради тоа, познатата актерка Џенифер Анистон и го вратила природниот изглед на косата. Новата фризура потсетува на онаа после цел ден на плажа, а сепак е неодолива. Нејзиниот долгогодишен фризер вели дека нејзината задача е само да ја измие.

Топлите месеци бараат коса која изгледа природно и може да се носи токму таква каква што е, без премногу труд. Нејзината коса сега е со средна должина, малку под рамениците и има благи бранови. Доколку сè уште не знаете како да се шишате за ова лето без косата да ви одзема премногу време и енергија, еве еден предлог. Ако можат холивудските ѕвезди, можете и вие!