Ребел Вилсон изјави дека сака жени, а сега тврди дека го признала тоа заради медиумски уцени

popara15 јуни, 20221min00
rebel-wilson-rabel-vilson-830x0

Актерката Ребел Вилсон неодамна призна дека сака и жени, а многумина го поздравија и поддржаа нејзиниот храбар потег.

Но, дури сега е откриено дека тоа не го направила доброволно, туку била под медиумска уцена.

Имено, за се е виновна извесна новинарка од Австралија, која претходно ја контактирала актерката и и дала рок да одговори на прашањето во врска со таа информација. Како што изјави во Sydney Morning Herald, во својата колумна, информациите за сексуалната ориентација на Вилсон наводно сакале да биде нивна ексклузива.

Сепак, актерката решила да не одговара на уцените, па се одлучила за својот Инстаграм профил, каде признала дека има девојка.

Редакцијата првично се огради, наведувајќи дека поставуваат само едноставни прашања, но по големиот притисок на социјалните мрежи попушти и ја смени приказната.